Детален опис на постапката за аплицирање за студентска работа во Германија

 Детален опис на постапката за студентска работа во Германија



   Прво и основно нешто што треба да направите е да аплицирате за студентска работа во Германија, кај нас Студентска Работа во Германија или некоја друга агенција или посредник.
    За да аплицирате потребно е на нашата e-mail адреса studentskarabotage@gmail.com или на Messenger:
  1. Потврда за редовен студент на германски (формулар Immatrikulationsbescheinigung пополнет и со печат од факултетот кадешто студирате). Формулатор може да го најдете на следниов линк: https://www.arbeitsagentur.de/datei/b-immatrikulation-en_ba015238.pdf
    Треба да го испечатите, пополните и да ви удрат печат. Откако ќе го сторите тоа ни го праќате скен на e-mail или Messenger;
  2. Скен од првите две страни на вашиот пасош (кадешто се наоѓа сликата). Важно е пасошот да е валиден, да има важност;
  3. Ваш телефон;
    Сите тие документи кога ќе ни ги пратите на нашата e-mail адреса или Messenger значи дека сте аплицирале за студентска работа.
(Во определени случаи може да побараме од вас во хартиена форма да ни ги пратите потврдата за редовен студент, но ретко се случува тоа).
    Рокови за аплицирање за студентска работа е:
  • Работа за време на зимски одмор во периодот од 15.12.2020 до 15.02.2020 (2021/2022/2023/2024....) - документите да се пратени најдоцна до 15.10. 20-- (тековната година);
  • Работа за време на летен одмор од 
  • 15.06.2021 до 15.09.2021 или
  • 01.07.2021 до 30.09.2021 (2022/2023/2024/2025....) - документите да се пратени најдоцна до 28.02.20-- (тековната година)
    Откако ќе ги добиеме поребните документи ние ви наоѓаме работа и ве известуваме за работата и чекаме потврда дека ви одговара. Доколку потврдите дека ви одговара работата се чека околу 6 недели да добиете дозвола од Бирото за Вработување во Германија (ZAV - цаф).
    Во периодот од тие 6 недели ние ви обезбедуваме сместување. Сместувањето е најчесто во 2 креветни соби, со посебно или заедничко WC и кујна, на оддалеченост од 500 метри до околу 10km од работното место, во зависност од градот каде ќе работите. (сместувањето најчесто го плаќате вие и кошта од 200 до 450 евра месечно, повторно во зависност од градот)
    Откако ќе добиете дозвола за работа од Бирото за Вработување на Германија (ZAV) тогаш е 100% дека ќе одите во Германија. Па затоа преку социјалните мрежи, e-mail или по телефон се договараме да се сретнеме да ви ја предадеме лично дозволата за работа при што го плаќате договорениот надоместок за најдената работа и сместување.
        Минималната сатнина за 2020 година е 9.84 евра, а на секои 6 месеци се врши корекција, односно ја покачуваат за неколку центи.
        Доколку имате потешкотии да си резервирате карта за авион или јавен градски и меѓуградски транспорт ви стоиме на располагање се додека не заминете во Германија и не се сместите во предвиденото сместување.
      Напомена: Доколку е неопходно за работното место да имате т.н. санитарна книшка за работа во кујна, ние ќе ви резервираме термин од Македонија за да не чекате 2 недели до 1 месец за да почнете со работа и да губите време и пари.
       Целата постапка од моментот на праќање на сите документи до добивање на дозволата за работа/договорот трае околу 2 месеци.
    
    Доколку навремено аплицирате имате можност да најдете соодветен и поефтин транспорт до Германија.




Comments